ВИДЕО| Калиопи го промовираше новиот албум – „Албум“

Македонската поп дива Калиопи Букле вчера го промовираше своето најново дискографско аудио парче едноставно насловено „Албум“.

„Албум“ содржи 10 песни, од кои неколку се веќе познати и излегоа како претходница на новиот материјал, како на пример „Кад осване“ или дует песната со Жељко Самарџиќ насловена „Знам“, додека останатите се сосема нови и за нив се изработени и видеоспотови.

Инаку целокупниот материјал како композитор го потпишува Ромео Грил, кој и самиот е аранжер на песните и музички продуцент на албумот, а воедно и свири клавијатури и бас гитара, но бил и задолжен за програмирањето. Стиховите за дел од песните исто така ги напишал тој, а дел самата Калиопи.

Како потенцијален хит се издвојува песната испеана на македонски јазик, која го отвора албумот – ритмичната „Ела“ која долго ќе се врти во радиоетерот на сите радиостаници. Иако можеби и нетипична за стилот на Калиопи, но совршено избалансирана и погодена уште на прво слушање да биде веднаш препознаена за пеење во еден глас, за танц и забава. Со заразен рефрен и стихови кои како грст прашалници, непознаници, недоумици, проблеми и дилеми збунувачки се испреплетуваат во главите на денешните тинејџерки, „Ела“ е веројатно новиот радиски хит за ова лето.

Во албумот има и емотивни балади, па секој ќе си го пронајде омилениот хит во ова парче „Албум“.

Во продолжение ви пренесуваме дел од новите песни…