(ВИДЕО) Камен од Марс наречен по Rolling Stones

Американската агенција за вселенски истражувања NASA му одаде признание на легендарниот британски бенд Rolling Stones, нарекувајќи по нив камен од Марс, објави таблоидот The Mail Online.

Каменот е наречен „Rolling Stones Rock“ откако вселенската сонда „InSight“ во номеври 2018 година го снимила како се тркала по површината на Марс.

Холивудската ѕвезда Роберт Дауни Џуниор прв ја објави веста за ова. Тој се качи на бината на стадионот „Роуз Боул“ во Пасадена, во државата Калифорнија, само неколку моменти пред да се појавата „Стоунси“ во четвртокот вечерта.

Лори Глејз од NASA изјави дека „називот совршено се совпаѓа“. „Дел од повелбата на NASA е да се споделува нашата работа со различна публика, а кога слушнавме дека Стоунси ќе бидат во Пасадена одавањето призанание ним се чинеше како забавен начин да допреме до обожувателите ширум светот“, рече.

Мик Џегер го искористи моменти меѓу нумерите на публиката да ѝ соопшти дека агенцијата на бендот му дала нешто за што одамна мечтаеле „наш сопствен камен на Марс“.