Американскиот вселенски брод „ Crew Dragon“, првото американско приватно космичко летало пилотирано од астронаутите Дагчас Харли и Роберт Бенкен во неделата вечерта по средноевроспко време атерираше во водите на Мексиканскиот залив,
Според директниот пренос кој на својата интернет страници го вршеше американската агенција за вселенски истражувања NASA, на надморска височина од 5,5 километри се активира падобраните за запирање на леталото, а по неколку минути на височина од 2 километри се раскрилија четирите главни падобрани,/
Во 14,48 часот по време на источниот американски брег, односно 20,48 часот по македонско време, екипажот на „ Crew Dragon“ атерирајќи со брзина од 7,5 метри во секунда, слета во водите на Мексиканскиот залив.
Харли и Бенкен со својата капсула се отиснаа од ISS во саботата вечерта и атерираа по 21 час патување, според планиранот на брегот на Пенсакола на Флорида.
„Во името на тимовите на SpaceX и NASA, добредојдовте на планетата Земја. Ви благодариме што летавте со SpaceX“, објави контролниот тим на компанијата по спуштањето на капсулата,
Капсулата на приватната компанија „SpaceX“ атерираше по двомесечниот престој на Меѓународната вселенска станица (ISS), и станува збор за првата мисија на NASA во Вселенета со човечки екипаж по девет години. По завршувањето на програмата на вселенски летови „шатл“ во 2011 година, Американците можеа да летаат само со руските ракети.
Педесет и тригодишниот Харли и 49-годишниот Бенкен, кои се вработени во NASA под договор со „SpaceX“ можеа да слетаат на едно од седумте локации во Мексиканскиот залив или во Атлантскиот Океан. „Најтешкиот дел беше лансирањето, но најважно е да се вратиме дома“, рече Бенкен во саботата.
Контролните центри на NASA во Хјустон и на SpaceX во Хејторн во Калифорнија, еден час пред слетувањето му дадоа сигнал на екупажот за деорбитирање. При враќањето во атмосферата капсулата бепе забавена на брзината од повеќе од 28.000 километри на час на околу 560 километри на час, додека при самото спуштање капсулата леташе со 24 километри на час.
Обвивката на капсулата е изградена така што по враќањето во земјината атмосфера да може да издржи температура до 1.900 Целзиусови степени, додека Харли и Ненкен, кои носеа специјални одела на SpaceX, во кабината беа изложени на температура од 29,4 Целзиусови степени.
Екипажот мина едне час плутајќи на морската површина пред заедничките спасувачки тимови на NASA и на SpaceX да ги сместат во хеликоптер. Потоа во „ Johnson Space Center“ на NASA во Хјустон ќе биде подвргнати на медицински прегледи.
Шефот на програмата на NASA за летови со човечки екипаж, Стив Стич, претходно изјави дека поради невреме летотот од ISS до Земјата може да биде одложен за во понеделник.
Приватната компанија „SpaceX“ на јужноафриканскиот претприемач Илон Маск, е првата приватна компанија којашто лансираше човечки екипаж во Вселената.
Американските власти на „SpaceX“ ѝ го доверија развојот на програмата за „веленско такси“, и со успешноста на оваа мисија, сметаат дека САД повеќе нема да зависат од Русија за да испраќаат свои екипажи во Вселената.
“Thanks for flying @SpaceX.”
📍 Current Location: Planet Earth
A 2:48pm ET, @AstroBehnken and @Astro_Doug splashed down, marking the first splashdown of an American crew spacecraft in 45 years. #LaunchAmerica pic.twitter.com/zO3KlNwxU3
— NASA (@NASA) August 2, 2020
✔️Splashdown
⭕Hatch opening
⭕Crew egressFollow along with the important milestones as we retrieve @AstroBehnken and @Astro_Doug during the tail end of their historic #LaunchAmerica mission: https://t.co/sCSrIcSCjU pic.twitter.com/0MTGObKJ5Y
— NASA (@NASA) August 2, 2020