(Видео) Кари погаѓа со една рака без гледање

Кошаркарот на „Голден Стејт“ Стеф Кари уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите светски играчи.

Капитенот на актуелниот шампион на НБА често на загревањата пред натпреварите прави потези со кои ја анимира публиката, а еден особено привлече големо внимание.

Плејмејкерот на „Вориорси“ како од шега од центарот на теренот, зад грб со една рака успеа да го погоди кошот без никакви проблеми.