ВИДЕО| Катастрофални поплави во Турција– по разорниот земјотрес, водата ги проголта и малкуте останати згради и куќи

Неколкумина загинаа, а оштетени се голем број куќи и објекти во големите поплави што го зафатија југот на Турција, еден месец по разорните земјотреси.
Обилниот дожд што веќе два дена трае во турскиот град Шанлиурфа, разурнат од земјотресот, во средата, на 15 март, го отежна секојдневниот живот на локалното население.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија. Најмалку 48.448 луѓе загинаа во земјотресите во Турција.
По земјотресите, Турција не може „глава да крене” од обилните дождови кои прават поплави и носат cè пред себе.