Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави видео каде Катица Јанева најавува влез во политика, односно дека сака да биде пратеник или градоначалник на Гевгелија.
„Не разбирате вие. Катица градела политичка кариера на начин прифатлив на главата на Октоподот. Сама кажува колку независно делувала и со СЈО и со Рекет“, напиша Стоилковски.