Ниту поплавите не му можат ништо на овој келнер. На друштвените мрежи кружи оваа снимка на која се гледа како угостителите продолжуваат со својата работа и покрај околностите.
Додека Белграѓаните уживаат во своето кафе покрај поплавениот насип, кутриот келнер, со гумени чизми, и послужавник во рацете се пробива до поплавениот парк за да ги послужи гостите.