Севренокорејскиот водач Ким Џонг-ун пристигна во понеделникот со службениот воз во Русија дочекан со звуците на воен окрестар веројатно на состанок со рускиот претседател Владимир Путин, и покрај заканите од Вашингтон да не склучува никакви договори за тргување со оружје.
Ким во неделата отпатувал од Пјонгјанг со блиндираниот воз со маслинасто-зелена боја, објавија во вторникот севернокорејските медиуми додавајќи дека во делегацијата го придружуваат и највисоките воени функционери и претставници на воената индустрија.
САД и претходно тврдеа без докази дека Северна Кореја ќе ѝ продава наводно артилериска проектили. Од Москва и Пјонгјанг, пак, порачаа дека двете земји соработуваат „вклучително и на планот на одбраната“ но не откриваат за што конкретно се разговара меѓу двете страни освен за „јакнење на соработката“.
Видеоснимките што ги објавија руските телевизии го прикажуваат насмеаниот Ким како излегува од возот и зачекорува по црвениот тепих на железничка станица на рускиот Далечен исток каде што добредојде му изрази делегација во која немаше истакнати личности од руската власт и веднаш засвирува воениот оркестар.
Неименуван руски извор наводно запознаен со ова патување изјавил за британската новинска агенција Reuters дека Ким Џонг-ун уште утрото излегол од возот за да се поздрави со руските функционери во Казан, главниот железнички јазол за рускиот Далечен исток, а потоа го продолжил патувањето.
Снимките што ги објави Олег Кожемјакин, гувернер на рускиот далекоисточен регион Приморски (крај), го прикажуваа Ким во голема бела столица во разговор со делегацијата којашто ја предводи Алексендр Козлов, министер за природни ресурси.
Ким ретко патува во странство, всушност седум пати ја напушти земјата и двапати ја мина границата меѓу двете Кореи во 12-те години колку што е на власт. Од тоа четири пати стануваше збор за посети на Кина, која е главната политичка и економска сојузничка на Северна Кореја.
„Станува збор за сеопфатна посета. Двете делегации ќе разговараат и потоа, доколку е потребно, двајцата челници ќе разговараат во четири очи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Западните медиуми нагаѓаат дека разговорите би можеле да опфатат и хуманитарна помош за Северна Кореја, како и разговор за санкциите на Советот за безбедност при ОН наметната против Пјонгјанг поради непочитување на забраната за развој на нуклеарно оружје и лансирање балистички проектили, донесени пред повеќе години без опструкции од Русија и Кина.
Американските фунционери, кои пред десетина дена први објавија за посетата на Ким на Русија, оценија дека Русија и Северна Кореја би можеле да разговараат наводно за снабдување на руската војска со севернокорејска муниција за продолжување на војната во Украина. Од Москва на тоа повеќепати беше возвратено дека руската одбранбена индустрија повеќекратно ја зголемила продукцијата, за разлика од војските на ткн колективен Запад кои сѐ почесто признавале дека им се празнат залихите поради големите испораки на своите муниции и оружја во Украина.
На официјалната веб-страница на настанот во Владивосток нема потврда, возот на Ким Џонг-ун минал на јазолот кај руското северно пристаниште каде што Владимир Путин учествува на економски фирум и го продолжил патот, а јапонската агенција Kyodo и јужнокорејските медиуми наведуваат дека средбата би можела да се оствари на космодромот Васточни. Таква можност минатата седмица најавија и некои руски медиуми шпекулирајќи за можна средба меѓу Путин и Ким.
На Источниот економски форум во Владивосток, Путин потвди дека планира да го посети космодромот Васточни, оддалечен повеќе од 1.500 километри посеверно, но не кажа дали планира да се сретне со Ким. Само кусо рече дека има сопствена програма и додаде „Кога ќе стигнам таму, ќе знаете“.