Кинеската лунарна сонда „Chang’e-6“ успешно слета на површината на Месечината во вторникот, собирајќи примероци и податоци за кои научниците очекуваат дека ќе помогнат да се одговори на клучните прашања за раната еволуција на Сончевиот систем, соопшти кинеската вселенска агенција.
Станува збор за нова фаза во амбициозната вселенска програма на Кина, која сака да испрати човечки екипаж на Месечината до 2030 година.
Сондата „Chang’e-6“, именувана по митската кинеска божица на месечината, беше лансирана на 3 мај од јужната кинеска островска провинција Хаинан, а целосно роботизираната сонда слета на претходно неистражена локација во огромен ударен кратер наречен Басен на Јужниот Пол – Аиткен на страната на Месечината, која никогаш не е видлива од Земјата.
Модулот „на кинеската сонда Chang’e-6 полета од површината на Месечината во вторникот наутро носејќи примероци собрани на далечната страна на Месечината, што е невиден подвиг во историјата на човечкото истражување на Месечината“, објави официјалната новинска агенција Xinhua, цитирајќи ја националната вселенска агенција.
„Мисијата го издржа тестот на високи температури на темната страна на Месечината“. По успешното собирање примероци, „кинеското знаме за прв пат беше поставено на далечната страна на Месечината“, се додава во извештајот на Xinhua.
Научниците веруваат дека темната страна на Месечината, ретко истражена област наречена затоа што е невидлива од Земјата а не затоа што никогаш не ja фаќаaт сончевите зраци, е многу ветувачка за истражување бидејќи нејзините кратери се помалку покриени со стари текови на лава од оние на видливата страна.
„Примероците земени од другата страна би можеле да ни помогнат да дознаеме повеќе за формирањето и историјата на природниот сателит на Земјата. Тие, исто така, ќе овозможат подобро разбирање за ‘потеклото на Сончевиот систем’ и подобра подготовка за идните истражувања“, изјави портпаролот на мисијата Chang’e-6, Ге Пинг.
Примероците би требало да останат во орбитата на Месечината уште неколку седмици, а потоа со сондата да почнат да се враќаат на Земјата, каде би требало да слетаат околу 25 јуни.
Кина се надева дека ќе ја лансира својата прва мисија со екипаж на Месечината до 2030 година. Тој, исто така, планира да изгради лунарна база.