(ВИДЕО) Кина за шест дена ќе ја изгради болницата за згрижување на заразените со новиот коронавирус

 

Кина за шест дена ќе ја изгради специјализираната болница за прифаќање и лекување на заболените од пневмонија предизвикана од новиот сој коронавирус, пишува во петокот весникот South China Morning Post.

„Ние мораме да го предадеме објектот за прифаќање за шест дена“, го цитира весникот одговорното лице на компанијата која ги изведува градежните работи. Во прилогот се наведува дека повеќе десетици багери и други тешки градежни машини веќе работат на теренот. Покрај тоа, работниците се мотивираат со дневница во износ од 1.200 јуани, или 173 американски долари, ичли трипати повеќе од нивната вообичаена заработувачка.

Како што пишува весникот, медицинската установи со 1.000 легла ќе биде подигната во западниот дел од градот Вухан со над 11 милиони жители, во централната провинција Хубеи. Ќе се простира на површина од околу 25.000 квадратни метри, што е приближно исто со површната на болнциата изградена во 2003 година во преградието на Пекинг, во периодот на епидемијата на атипичнта пневмонија.

Кинеските здравствени власти на 31-ви декември 2019-та ја информираа Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за појава на епидемија од непознато потекло во градот Вухан. Предизвикувачот на заболувањето, корнонавирусот 2019-nCoV, беше утврден на 7-ми јануари.

До петокот инфекцијата е регистрирана во Виетнам, Јужна Кореја, САД, Сингапур, Тајланд, Тајван, Јапонија. Во петокот, исто така, случај на инфекција со коронавирусот пријави и Непал, кај 31-годишен студент кој на 13-ти јануари по враќање од Вухан се јавил во болница со „респираторни проблеми“, но бил отпуштен по пет дена, а заболувањето било потврдено во четвртокот по наодите во лаборторија во Хонгконг.

Според најновите податоци, во Кина се потврдени 892 случаи на заболувањето, и 26 смртни случаи.