![image_2021-08-21_132114](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/image_2021-08-21_132114.png?resize=679%2C450&ssl=1)
Обилните врнежи од дожд кои претпаднево го зафатија Скопје, предизивикаа поплавување во одредени општини.
На социјалните мрежи се објавуваат снимки од улици во повеќе населби во општината Кисела Вода на кои се гледа дека улиците се претворени во реки по врнежите. Исто така, водата навлегува и во домовите на граѓаните.
Коментарите се дека тоа е плод на повеќегодишната негрижа за чистењето и санирањето на атмосферската канализација и воопшто незаинтерисираноста на актуелниот градоначалник Филип Темелковски