
Видео снимка од незауздан коњ кој со впрегната приколка трча во спротивен правец на автопатот Скопје – Тетово беше споделено синоќа на социјалните мрежи.
Во „потерата“ по животното се вклучиле и повеќе полициски возила, кои исто така морале да возат во спротивна насока.
Како дошло животното до автопатот не е познато, но се претпоставува дека побегнало од сопственикот од некое од соседните села
За среќа во целата бркотница не се случи сообраќајна несреќа.
https://www.facebook.com/georgkochoski/videos/883430409262773/?t=58