ВИДЕО: Кога експериментите со замрзнување на врела вода ќе тргнат на лошо

Студеното време што зафати делови на Северна Америка ги направи луѓето покреативни околу тоа како ги доживуваат најниските забележани температури во последните 20 години. Но, не со премногу успех.

Некои луѓе ширум САД, инспирирани од видео направено на Сибир, ги користат исклучително ниските температури за да направат сопствени научни експерименти.

Кога температурата ќе падне до минус 41 степен Целзиусов, студенилото има фасцинантен ефект на вода која врие кога таа се фрла во воздух.

Водата во истиот момент преминува во состојба слична на замрзнат гас, но, ако тоа го направите на повисока температура, многу лесно може да се случи ветерот врелата вода да ја врати кон вас и таа да ве изгори.

Фасцинирани од оргиналното видео снимено во Сибир, голем број Американци ова го дознале на потешкиот начин – „Твитер“ е преполн со луѓе кои пишуваат како добиле изгореници наместо да уживаат во несекојдневната глетка.

Погледнете го оргиналното видео.