![grizli](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/grizli-1.jpg?resize=696%2C358&ssl=1)
Тренерот на мечки, Даг Сиус, е човек кој без проблем игра и се бори со гризли. Негова „специјалност“ е ставање на главата во устата на мечката.
Даг и неговата сопруга Лин, имаат ранч во долината на Хевер, Јута, каде што живеат со своите ччетири мечки.
Скротувањето на мачките ја прави нивната работа импресивна, но и позната. Тие имаат работено заедно со повеќе холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги и Бред Пит, Џенифер Анистон и Еди Марфи.
Една од мечките глумеше во хит серијата „Game of Thrones“ (Игра на престоли).
Мечките се, исто така, амбасадори на добротворна организација на Даг и Лин, која е од витално значење за земјата, и која им помага да се заштитат пределите кои ги користат гризли мечките, но и на диви животни.