На видео запис кој кружи на социјалните мрежи, прикажана е масовна тепачка во локал во Струмица, која се случила на 17.12.2023 година.
Имено, според информации на „Нетпрес“, станува збор за инцидент во млечниот ресторан „No 1”, лоциран на улицата „Младинска“ во Струмица, а во тепачката учествувал припадник на МВР, член на личното обезбедување на поранешниот премиер Зоран Заев.
Насилството е извршено над лицето Љ.Д. пред очевидци, меѓу кои и вработените во млечниот ресторан, кои повикале обезбедувањето.
Според наши извори, и обезбедувањето од агенцијата „Никоб” е физички нападнато од припадникот на МВР, а за тоа од страна на агенцијата не се доставени извештаи за настанот во согласност со законот.
За тепачката било запознаено и раководството на МВР, кои од непознати причини до сега не преземале ништо, иако за истоимениот настан има и видео запис.
Инаку, потребно е да се потенцира дека припадникот на МВР инволвиран во погоре наведениот настан е лице за кое медиумите во 2016 година, пишуваа за неговите насилнички дејствија.