(ВИДЕО) Корона хипокризија во СДСМ – Наќе им е крив

Портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска за високите бројки на новозаболени од Ковид-19 и починати го обвини теничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Изгпеда Кузеска и СДСМ заборавиле дека веќе Чулев не е министер туку Оливер Спасовски, кој, впрочем, беше технички премиер. Ова е математички проблем со кој треба да се справат во СДСМ.

Да не е трагично, би било смешно. Или, што вели народот „зиини земјо и голтниме“, за да не се гледа брукањето на социјалдемокартите.

„Портпаролите на СДСМ, во текот на цел мај ги убедуваа граѓаните дека:

“Наќе е крив и лично одговорен за 20 или 30 заразени на ден и 2-3 починати, и дека мора да поднесе оставка”

Денес со 1.085 заразени на ден и за жал 1.000 вкупно починати наши сограѓани, мегафоните на СДСМ молчат за одговорност и оставки.

А само Струга денес има 208 активни случаи од Ковид19, Штип 280, Прилеп има 500, Струмица 550 заразени, но мегафоните на власта сепак молчат, и не држат прес конференции за тоа кој е „крив и одговорен” министер за внатрешни работи или министер за здравство. Тешка хипокризија!“, напиша пратеникот Антонио Милошоски на својот ФБ профил.