Силните ветришта и непрестајните дождови на Корзија во неделата предизвикаа сите пристаништа и сите четири аеродромо да бидат затворени на францускиот остров, пренесува телевизијата BFM истакнувајќи дека Корзија до пладнето во понеделникот ќе биде целосно остечена од транспортните врски со копното.
Покрај тоа, на самиот остров во прекин е целата железничка линија.
Според прилогот на телевизијата, сите писти на аеродромите се поплавени од густ слој вода. Најмалку 7.200 патници се сместени во зградите на аеродромите и во најблиските хотели. Воздухопловните компании „Air France“ и „Air Corsica“ соопштија дека во понеделникот, кога се очекува да се подобрат временските услови и аеродромите да започнат да функционираат, ќе организираат дополнителен 51 лет кои ќе ги поврзат Корзија со Ница, Марсеј, Тулон и Брисел.
Во моментов продолжуваат врнежите во планинскиот дел од островот, што предизвикува излевање на реките и поплави во градовите. Ветровите се помалку ослабени во однос на претходните денови, но сепак во понеделник се очекува дека во северниот, јужниот и западниот дел од островот нивната брзина ќе биде меѓу 33,3 до 41,6 метри во секунда.
Невремето продолжува и на западниот Атлантски брег на Франција. Деветнаесетгодишно момче е сериозно повредено во југозападниот департман Дордоња, а три лица се полесно повредени. Истовремено, состојбата со снабдувањето со електрична енергија постепено се подобрува. Утрово околу 100.000 домови беа без струја во југпозападниот и југоисточниот дел на земјата, во регионот Нова Аквитанија во моментов таа бројка изнесува 30.00 домови, а на Корзија 3.500 домаќинства сѐ уште немаат електрична енергија.
Les opérations de pompage se poursuivent à l’aéroport d’Ajaccio pic.twitter.com/0LW5MuqzSy
— Corse-Matin 📰 (@Corse_Matin) December 22, 2019