
Космонаути на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА), во моментов извршуваат работни задачи во отворен Космос на Меѓународната вселенска станица.
Кристина Кук и Ендрју Морган изведуваат замена на батериите на соларните антени на станицата. НАСА го најави нивното излегување „во вакуумот на вселената“.
-Дуото ќе работи надвор во вакуумот на вселената околу шест часа и 30 минути, изјавија од агенцијата.
Планот на НАСА предвидува излези во отворен космос на пет дати во октомври и уште пет излеза се планирани за ноември. Тоа се работни задолженија за ремонт и модернизација на алфа-магнетниот спектометар кој се наоѓа на надворешната површина на МВС.
Агенцијата на својот веб сајт го емитува во живо настапот на космонаутите надвор од МВС.