ВИДЕО| Ковачевски во напад, а негов сопартиец одушевен од Орце Ѓорѓиевски – Сѐ што зацрта направи!

Работата на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ги подели ставовите на редовите на СДСМ. Ова е можеби првпат, истакнати партиски функционери јавно и прилично „гласно“ да изнесуваат спротивставени ставови за професионалноста и функционирањето на некој политички опонент.

Во случајов, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на трибина, од „петни жили“ се обидува да ја дискредитира работата на најуспешниот градоначалник на Општина Кисела Вода досега, Ќирил Гајдов, пак, координаторот на советничката група на СДСМ во Велес, има сосема спротивно мислење од својот партиски лидер. И тоа мислење, очигледно не сака да го сочува само за себе.

„Јас често одам во Кисела Вода. Во јавноста можеби имате еден од најактивните градоначалници, бидејќи тој по цели денови објавува статуси на Фејсбук. Човекот работи и во сабота, но јас не видов ништо сработено во Кисела Вода“, изјави Ковачевски.

Од друга страна Гајдов вели: „Погледнете го Орце како се справува во Кисела Вода. Нема канализација и водовод кој не ги реши човекот за две години со многу мала помош од државата. Тој нема проблем со никој министер, сѐ човекот што зацрта направи. За овие две години тој ја реализираше својата програма 100 отсто. Треба сите да гледаат пример од него, ако е од ВМРО-ДПМНЕ, го почитувам. Го гледам напредокот на населбата, што не можам да го кажам за синот на Зоре Темелковски. Дрво на дрвата, со други зборови“.