(ВИДЕО) Крадец остави порака со извинување откако ја ограби опремата од црква

Маж кој провалил во црква во едно гратче во американската сојузна држава Конектикат и украл електронска опрема вредна 4.000 долари, оставил порака со извинување, пренесуваат локалните медиуми.

Полицијата поседува видео-снимка маж кој во неделата малку по полноќ провалил во африканската методистичка епископална ционистичка црква Маслинова гора во Ватербери, и од неа однел камери, монитори и микрофони коишто верниците на оваа црква ги користат во текот на нивните литургии.

Членови на конгрегацијата за медиумите велат дека крадецот, веројано почувствителен душегрижник, оставил и порака со извинување. „Молете се за мене! Се извинувам, браќа мои… спасете ме“, цртајќи покрај текстот емотикон со тажно лие.

Еден од припадниците на оваа црква, Крег Смит, изјавил дека некои верници го послушиле крадецот кој имал „обѕири“, па на следните богослужби се молеле за него. Полицијата, сепак, не е толку сентиментална и интензивно трага по него.