Се и сешто може да се види кај нас, па и тоа на една од најпрометните улици во Скопје среде улица слободно да се шета крава.
На потегот меѓу ОУ „Лирија“ и трговскиот центар „Чаирчанка“ во правец накај „Бит пазар“ кравата се движи со автомобилите по булеварот „Цветан Димов“.
Од каде дошла кравата среде Скопје не е познато, но е проблем за сообраќајот, па и предизвикување на сообраќајни несреќи.