ВИДЕО| Кремљ го потврди почетокот на планираното повлекување на војските

Кремљ во вторникот потврди дека започнало повлекувањето на руските воени сили распоредени покрај граница со Украина што е „нормален процес“ и ја осуди повтроно западната „антируска хистерија“ со заплашувањето на светот со наводна инвазија на Русија врз соседната земја.

„Од почетокот велевме дека по завршувањето на воените вежни (…) војсакта ќе биде вратена во своите касарни. Токму тоа сега се случува, тоа е вообичаен процс“, изјави за новинарите акредитирани во Кремљ портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Пушков.

Малку претходно во втроникот руските агенции, повикувајќи се министерството за одбрана, дека иако продолжуваат големи воени вежби на голем дел од земјата, некои едицни на Јужниот и на Западниот воен округ се враќаат во своите постојани бази откако ги завршиле задачите.

Германскиот канцелар Олаф Шолц допатуваше во вторникот во Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и да ја продолжи мисијата спречувањето на воениот конфликт.

Русија стацинионираше последниот месец, според процените на заапдните разузнавачки агенции до 130.000 војници, што предизвика страв од наводна инвазија, особено и поради тоа што од 10-ти до 20-ти февраури се одржуваат заеднички руско-белоруски воени вежби со што Украина е речиси целосно опкружена со руски војски.

Со седмици растат тензиите поради распоредувањето на руските сили во близина на границите на Украина. САД предупредуваат дека наводната „руска инвазија“ е можна во секој момент, а Русија ги отфрла таквите наводи и одговара дека нејзините активности се преземени за сопствена безбедност имајќи ги предвид континуираните испораки на офанзивно вооружување од Западот за украинската армија која според Москва својот половината од својот активен состав го распоредила во близина на проруската одметната област Донбас и обвинува за разгорување на „антируската хистерија“.

Руските пазари во вторникот позитивно реагираа на веста за повлекување на војските, а националната валута рубљта која беше притисок поради заканите со нови западни санкции во случја на војна, порасна со 1,5 отсто набрзо по објаваната на руското министерство за одбрана.

Со тоа рубљата го продолжи зајакнувањето од понеделникот, откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му сугерираше на претседателот Владимир Путин, Москва да продолжи по дипломатски пат во настојувањата да се издастујваат безбедносните обврзувачки гаранции меѓу Русија и Запад.

Реакција на валутата на изјавите покажа дека една фраза може да биде доволна дека рубљата силно да се придвиже во двете насока, коментираше Дмитриј Полевој, шеф на одделот на вложувања при „Локо Инвест“.