Патници и случајни минувачи со заеднички сили се здружиле и со голи раце подигнале трмвај за да ја ослободат заглавената нога на ученичка.
Тинејџерка од Даблин доживеала несреќа при излегување од трамвај кога ногата ѝ пропаднала и ѝ останала заглавена под возилото. Девојката имала страшни болки поради кои викала и плачела кога насобраните луѓе решиле најбрзо што можат да ѝ помогнат на несреќната ученичка.
Над 30 патници и минувачи дошле на помош и успеале да го мрднат трамвајот за да ѝ ја ослободат ногата. Кога драмата завршила и девојката била извлечена на безбедно, била префрлена во болница каде ѝ биле констатирани помали повреди.
Инаку во Даблин често се случуваат инциденти со трамваите, а имало и четири смртни случаи.