Шестмина навивачи и тројца полицајци биле повредени во масовната крвава тепачка меѓу фудбалски хулигани вчеравечер, во центарот на Атина. По уличните немири на хулиганите, немало приведени лица.
Во тешкиот инцидент учествувале навивачки групи на холандски Ајакс и на грчкиот АЕК. На ултрасите на Ајакс им се приклучиле навивачите на Панатинаикос, градски ривал на АЕК. Исто така, со холандските навивачи имало и полски фудбалски ултраси.
Инцидентот дури го запрел и сообраќајот во Атина, откако навивачките групи почнале да фрлаат молотови коктели едни на други, но и кон полицајците. Немирите траеле неколку часа.
Натпреварот, во кој Ајакс го победи АЕК со 2:0, исто така бил проследен со дузина крвави инциденти на трабините.