СВР Скопје го расчисти случајот со оружјето кое беше пронајдено од страна на полициски службеници од СВР Скопје на 18.12.2024 на територија на општина Арачиново, покрај локален пат од Орланци кон Никуштак.
Полицијата тогаш пронајде девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголемо количество муниција.
По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на 29-годишниот Х.С. од Куманово.
На 29.12.2024 Х.С. е лишен од слобода на граничниот премин Долно Блаце, а од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по итна постапка, информира МВР.
Денеска од страна на судија на претходна постапка му е изречена мерка 30-дневен притвор.