ВИДЕО: Куновска мјаукаше на комисијата за универзитетот „Дамјан Груев“ во Собранието

Работата на собраниската комисија за образование која расправаше за Законот за Универзитетот „Дамјан Груев“ денес беше прекината.

Претседавачот на комисијата ја прекина седницата поради „мјаукање и плазење на јазикот“ од страна на пратеничката на СДСМ Софија Куновска.

И после неколкуте апели од страна на претседавачот до пратеничката Куновска да се воздржи од мјаукање, ваквиот специфичен начин на анимален парламентаризам очигледно беше посилен од нормативите за културно однесување и домашно воспитување, па работата на комисијата која дискутира еден многу важен и сериозен Закон за универзитет прекина поради мјаукањето на Куновска.