Фудбалерите на Барселона славеа со 2:1 на гостувањето кај Бетис во последниот дуел од саботната програма на 35-то коло на шпанското провенство, а победата во последните моменти ја донеса Жорди Алба сп прекрасен волеј.
Барселона поведе со голот на Ансу Фати кој во игра влезе во 75 минута, а веќе во следната и првиот допир со топката постигна погодок. Радоста на гостите не траеше долго, бидејќи поранешниот играч на Каталонците, Марк Бартра израмни во 79 минута на нафрлање на Фекир. Кога се чинеше дека дуелот на „Бенито Вињамарин“ ќе заврши без победник, во последнаа минута од судиското дополнивање Жорди Алба на волеј дочека нафрлување на Дани Алвеш и ја „дупна“ мрежата над главата на немоќниот домашен голман Клаудо Браво.
Барселона така дојде до 69 бодови и обезбеди првенството да го заврши меѓу првите четири екипи кои одат во Лигата на шампионите следната сезона. Барселона има пет бодови повеќе од третата Севрилја и осум од Атлетико Мадрид. Но двете екипи имаат и меч помалку. Но 11-те бодови предност се гаранција дека Барса до крајот на првенството не можат да ја минат повеќе од два тима. За Бетис остануваат надежите дека во последните три кола може да ги мине Атлетико и Севилја.
Алавес беше убедливо поразен со 0:4 на гостувањето кај Селта во Виго, и остана на дното на табелата со 28 бодови, шест помалку од 17-та Гранада која е на последното место кое гарантира опстанол. Селта е безбедна 11-та со 43 бодови.
Стрелци за домашните беа Тиаго Гањардо во 6, Иаго Аспас во 34 и 66 и Франко Черви во 57 минута.
Кадиз со домашната победа од 3:0 над Елче ги зголеми шансите за опстанок. Но сѐ до 80 минута резултатот беше 0:0 иако гостите од 66 минута играа без исклучениот Езекиел Понсе, а тогаш мрежата на гостите ја затресе Алваро Негредо. Следеа и головите на Рубен Собрини во 83 и на Антони Лозано во третата минута од судиското продолжение.
За Кадиз ова беше седмата победа сезонава, со која стаса до 35 бодови и е на 16-та позиција, три повеќе од зоната на испаѓање, а Елче остана на 39 бодови на 13-то место, и речиси веќе обезбеди опстанок.
Без голови заврши пресметката меѓу Атлетик и Валенсија одиграна во Билбао. Домашните имаа повеќе шанси за гол, од кои двете последните во судиското продолжение на мечот, кога гостинскиот голман Мамардашвили прво го одбрани ударот со глава од десетина метри на Инаки Вилијамс а потоа од речиси идентична сотуација една минута подоцна Асиер Вињалибре ја погоди стативата.
Атлетик со 52 бода остана на 7-то место, а Валенсија со 44 бодови се задрша на десеттата позиција на табелата.
Во првиот саботен натпревар Гранада направи голем чекор кон опстанокот како гостин со 6:2 совладувајќи ја Мајорка. Стрелци за гостите неа Луис Суарез во 6, Серхио Ескудеро во 46, Антонио Пуертас во 55, Хорхе Молина во 69 и 90 и Мирто Узуни во 78 минута. Домашните само успеаја да израмнат на 1:1 во 28 минтуа преку Салва Севиља и да намалат на 1:3 во 58 минута со голот на Антониот Хозе Раиљо Аренас.
Гранада со 34 бодови излезе од зоната на испаѓање и моментално е 17-та. Два бода зад екипата од Андалузија сега има токму Мајорка.
Неделна програма: Хетафе – Рајо Валјекано, Виљареал – Севилја, Еспањол – Осасуна и во Мадрид играат Атлетико – Реал.