Видео: „Ладата“ е отпорна на проектили

Вова Прач пред два дена се возел во близина на подрачјето на Доњецк, Украина, кога пред него паднал проектил, а потоа не успеал да го избегне кратерот кој проектилот го оставил зад себе. За среќа, возел „Лада“, која го заштитила од билокакви повреди.

„Ладaта“ од секогаш важела за сигурен автомобил, а овој најнов пример и го докажува тоа.

„Возев и одеднаш слушнав експлозија. Земјата се подигна и паднав во кратер, по што автомобилот отскокна повторно на асфалтот. Бев во несвест некое време“, се потсетува Вова раскажувајќи за руската телевизија „Ѕвезда“.

Инаку, Вова е автомеханичар од Доњецк и тврди дека освен издржливоста на „Ладата“ во голема мера да преживее му помогнала и рамката на автомобилот која е направена од зајакнат метал.

Вова по инцидентот, снимката ја поставил на социјалните мрежи под името „Мојот втор роденден“.