Единствениот патен пристап до градот на крајот од транс-Алјаска гасоводот е отсечен на неодредено од лавини, вклучувајќи една која дури запре река и формира езеро на околу 800 метри од автопатот во речиси 92 метри широкиот кањон, јавува Асошиејтед прес.
Надлежните власти велат дека снежниот нанос долг околу 19 километри не може да биде расчистен се’ додека водата зад снегот не се повлече. Водата во новоформираното езеро е премногу длабока за екипи да можат да дојдат до браната од снег. Властите стравуваат дека копањето од другата страна, пак, може да предизвика опасно излевање на водата и да ги повреди работниците.