(ВИДЕО) Летаа шишиња, маси, столици во судирот меѓу навивачите на Динамо и на Легија

Стотици навивачи на Динамо се судрија со навивачи на клубот Легија од Варшава, во загрепскиот кварт Дубрава.

Бројни навивачи на полскиот тим, познати по хулиганските испади дома и во странство, допатуваа во Загреб ден пред првиот натпревар помеѓу Динамо и Легија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, што се игра на Максимир денеска во 20 часот, јави Индекс, пренесе Експрес.

На едно од многуте видеа што кружат по социјалните мрежи се гледаат полски навивачи како седат во кафуле, кога навивачите на Динамо трчаат и ги напаѓаат.

Маскирани навивачи на Динамо ги нападнаа опремени со летви и палки и фрлаа факели.

Полјаците одговориле со шишиња, пепелници, столови и маси и откако го искршиле инвентарот на кафулето, тргнале да се повлечат пред „Бед блу бојсите“.

Во тепачката учествувале околу 200 навивачи на Динамо, додека бројот на Полјаците се проценува на 150.