(ВИДЕО) ‘Летечкиот човек’ го прелета Ламанш

Десет дена по неуспехот, „Летечкиот Французин“ Френки Запата успое во неделата на својот изум „флајборд“ да ги прелета каналот Ламанш кој ги раздвојува Франција и Англија.

Запата тргнал околу 8,15 часот од плажата Сињате во Франција и успеал да се снабди со керозин на половина од патот, и се спуштил дваесетина минути подоцна во заливот Сент Маргарет на јужниот брег на Англија. Преку морето летал на височина од 15 до 20 метри.

Неговиот „флајборд“ е автономна летачка направа чие погонско гориво е кероизинот кој се чува во раницата на Запата, а опремен се си пет мини-турбореактори кои му овозможуваат да полета и да развие брзина до 190 километри на час стоејќи во воздухот, со автономија од десетина минути.

Запата, кој го привлече вниманието на јавноста на 14-ти јули летејќи над париските Елисејските полиња, се обиде првпат својот подвиг да го изведе на 25-ти јули, на денот кога пред 110 години Луј Блероа прв го прелета Ламанш.

Меѓутоа, за прелетот преку каналот со широчина од околу 35 километри, мора да се снабдува со гориво по патот. Во првиот обид ја промаши платформата на бродот од кој требаше да се снабде со керозин и падна во морето.