На денешната редовна седница на Советот на општина Гази Баба, советничката Марија Ѓошевска која доаѓа од редовите на политичката партија Левица, изјави дека ја напушта партијата и ќе делува како независен советник кој ќе дава поддршка на развојот на општина Гази Баба.
„ Досега во Советот на општина Гази Баба делував како советник на Левица, а од денес ќе делувам како независен советник. Секогаш ќе останам на страната на народот и ќе ги поддржувам проектите кои ќе бидат во корист на граѓаните. Ќе работам со ист интузијазам како и досега, без притоа да трпам притисоци кои досега ги трпев за наводен отчет пред партијата, наместо пред граѓаните. Како Советник должам отчет пред граѓаните, а не пред партијата”, – изјави Марија Ѓошевска на почетокот на денешната седница на Советот на општина Гази Баба.