ВИДЕО| Лицемерие на Спасовски – зборува за насилство во присуство на функционер на БЈБ кој ослободи кримимналец што пукаше во полициски службеник

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најостро ги осуди синоќешните настани пред Собранието, кога 47 полицајци беа повредени од кои двајца потешко.

Синоќешните настани тој ги окарактеризира како вандализам, посочувајќи дека протест е демократско право, упатувајќи порака до политичките партии дека не смеат да организираат насилни протести и насилно уривање на власта.

Додека Спасовски во средата утрото ја даваше својата изјава зад него се најде и заменик директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Ариф Асани, кој во мај беше вмешан во скандал во скопската населба Чаир.


Имено на видеото објавено тогаш се гледа пукање кон полициски службеници и како Асани пристигнува на местото, а потоа врши притисок криминалецот кој пукаше кон полицијата да биде ослободен.

По кратката расправија криминалецот беше ослободен со помош на Асани кој денеска стоеше зад Спасовски кој апсурдно пред очите на јавноста тврди дека вчерашниот протест е вандализам, додека пред неговите очи пред два месеци замиже пред голем скандал.