Лидс Јунајтед ја оствари првата победа во Премиер лигата по пауза од цели 16 години, а тоа го направи на начин со кој одново ги воодушеви фудаблските фанови, нешто слично како пред седум дена пред „Енфилд Роуд“.
Во еден исклучително луд меч, Лидс на крајот го победи Фулам со 4:3, иако во завршницата се стави во крајно непријатна ситуација по навидум уверливот водство од 4:1.
Резултатот го отвори Коста во 5-та минута за 1:0, Митровиќ израмни од пенал на 1:1, но пред крајот на првиот дел, Клих исто така од белата точка го врати водството за Лидс. Бамфорд и Коста набрзина постигнаа два гола во 50-та и 57-та минута за 4:1, но наместо лесна победа, следуваше драма на повидок.
Рид намали на 4:2, во 62-та, Александар Митровиќ со својот втор гол погоди за 4:3, но вистинска среќа за Лидс е што успеа да го задржи водството и не прими четврти гол.
Нашиот Езџан Алиоски беше дел од овој навистина луд меч на „Иланд Роуд“, бидејќи влезе во игра во 70-та минута и дебитираше во Премиер лигата што е голема награда за македонскиот репрезенативец кој учествуваше во целокупниот подем на тимот во втората лига.