(ВИДЕО) Ливерпул ја пријави својата ѕвезда Салах на полицијата

Англискиот фудбалски великан Ливепрул, ја пријавил својата ѕвезда Египѓанецот Мохамед Салах на полицијата, пренесуваат медиумите на островот.

Фудбалерот е снимен како при заминувањето од стадионот користи мобилен телефон додека управува со автомобилот. Камерата го фатила Салах во моментот кога неговото возило било опкружено со обожавателите, меѓу кои имало и деца.

„Клубот, по разговорот со играчот, ја извести полицијата за снимката и околностите во коишто таа била направена. Разговаравме со играчот и случајот ќе го решаваме интерно. Клубот и играчот повеќе нема да даваат коментари за случајот“, соопштија од Ливепрул.

Ливерпулската полиција кусо објави дека случајот е проседен до надлежните лета, со благодарноста за клубот кој ги доставил доказите.

Според англиските сообраќајни закони, на Салах му се казна од 200 фунти и шест казнени поени.