(ВИДЕО) Лудило во Копа Либертадорес: Ривер Плата ја оствари најчудната победа во историјата, Енцо Перез бранеше

Ривер Плата ја оствари најлудата победа во својата клупска историја, а сигурно и една од најнеобичните воопшто во фудбалската историја, бидејќи ова утро славеше на средба на која немаше стартен голман и кој го одигра без резерви.

Поради интерен бран од коронавирусот во првиот тим на Ривер Плата, аргентинскиот гигант имаше дури 20 отсуства на натпреварот против Индепендиенте во Копа Либертадорес и едвај состави тим од 11 играчи кои излегоа на теренот, но меѓу нив немаше ниту еден голман.

Ова го принуди тренерот Марсело Галјардо да го стави на голот искусниот играч за врска Енцо Перез, кој воедно самиот му се понудил да се најде меѓу стативите бидејќи и тој не бил доволно подготвен за игра на својата природна позиција. Играчот за врска сметал дека поради ситната повреда најдобро е да се најде на голот, а тој и неговите останати 10 соиграчи на теренот направија овој натпревар да биде епски, бидејќи го победија Индепендиенте Санте Фе со 2:1.

Аргентинскиот великан славеше над колумбискиот тим без резерви и со само 11 играчи на теренот, но наспроти херојската улога на поранешниот аргентински репрезентативец Енцо Перез, јунаци беа и Англиери и Алварез кои постигнаа два гола до шестата минута.

Осорио успеа да намали на 2:1 во 73-та минута, но гостите од Колумбија не успеаја да го совладаат по втор пат поранешниот везен фудбалер на Валенсија и Бенфика. За да биде натпреварот уште пооткачен, Енцо Перез беше избран за играч на мечот од страна на одговорните лица на Копа Либертадорес.