Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез две недели откако напочни 34 години успеа да сруши рекорд на досега неприкосновениот Кристијано Роналдо и тоа како фудбалер кој најбрзо стигнат до 16 погодоци за својот тим во Ла Лига во 21. век.
Португалецот во сезоната 2009/10 постигна 15 голови на првите 17 средби, додека Суарез со вчерашните два погодоци во ремито на Атлетико Мадрид против Селта (2-2) дојде до бројката од 16 прецизно реализирани шутеви во ист број натпревар како поранешната ѕвезда на Реал Мадрид.
Уругваецот игра како прероден во дресот на „јорганџиите“, уште еднаш потврдувајќи ја големата грешка на Барселона која минатото лето буквално го избрка од своите редови по доаѓањето на тренерот Роналд Куман.