(ВИДЕО) Лукашенко со автомат слета во резиденцијата и им се обрати на специјалците

Белорускиот претседател Алескандр Лукашенко во претседателската резиденција Дворецот на независноста во неделата слета со хеликоптер вооружен со автоматска пушка и им се заблагодари на припадниците на безбедносните сили за нивниот ангажман и вети дека „ќе се разбере“ со демонстрантите.

На видеото објавено на каналот на сервисот Telegram, се гледа како Лукашенко облечен во црно и вооружен го одминува коридорот каде што се среќава со припадници на безбедносните сили. Претходно во неделата полициските специјалци ги блокираа приодите кон претседателската резиденција и го спречија простапот кон неа на демонстрантите.

Снимката прикажана на државната телевизија специјалците му порачуваат на Лукашенко „Ние сме со вас до крај“, на што тој одговара „Ќе се разбереме“. „Момци, ви благодарам, вие сте убавци“, додава белорускиот претседател. Потоа Лукашенко повторува во однос на демонстрантите „Ние ќе се разбереме со нив“.

Во белоруската престолнина Минск во неделата повторно се одржа масовен протест на десетици илјади лица кои бараат одржување нови претседателски избори, бидејќи сметаат дека изборите на 9-ти август на кој според официјалните резултати победил Александр Лукашенко со освоени 80 отсто гласови биле лажирани.

По извесно време, приврзаниците на опозицијата се приближија кон претседателската резиденција, но патот го блокираа специјалните безедносни сили. По колу еден час учесниците на протестот започнале да го напуштаат местото. Во резиденцијата Лукашенко пристигна со хеликоптер, во црна униформа со панцирен елек и со автоматска пушка во рацете, но како што може да се забележи без магацин за муниција.

Снимката беше објавена во моментите кога на социјалните мрежи беа лиферувани информации дека Лукашенко бил сокриен на „тајна локација“ откако десетициите илјади приврзаници на опозицијата маршираа низ улиците на Минск.

Лукашенко претходно во саботата и неделата ги посети воените единици, предупредувајќи дека има раздвижување на силите на НАТО во близина на границите на Белорусија, што го негираше Алијансата, и порача војската да употреби „најстроги мерки“ против евентуален обид за насилен преврат во земјата.

„Очигледно е дека внатрешнаополитичката ситуација во земјата ја потресува планот за обоена револуција“, изјави Лукашенко кого го цитира државната новинска агенција БелТА.

Истовремено во неделата се огласи повторно неговата најголема опоненка Светлана Тихановска, која на изборите освоила 10 отсто од гласовите и замина во егзил во литванската престолнина Вилнус.

„Горда сум на Белорусите, бидејжи по 26 години страв, подготвени се да ги бранат своите права. Ги повикувам да продолжат, да не запираат, бидејќи сега е важно да останат обединети во борбата за нашите права“, порача 37-годишната Тихановска.