Мајами со триумф остварен после продолжение ја отвори финалната серија на Исток во НБА против Бостон.
Џими Батлер и Бем Адебајо се хероите на Мајами во првиот меч. Тие двајца одиграа најдобро кога беше најпотребно во продолжението . Батлер погоди за водство од 116-114 , а Адебајо на монструозен начин го блокираше обидот за забивањена Тејтум во последните секунди од продолжението и недозволи израмнување.
BAM BLOCK ON TATUM TO CLOSE OUT GAME 1 pic.twitter.com/9taVNrAXjT
— Bleacher Report (@BleacherReport) September 16, 2020
Во хомогената екипа на Мајами најефикасни во првиот дуел од финалето на Истокот беа Горан Драгиќ со 29 поени, Џими Батлер со 20, Краудер со 22 и Адебајо со 18 поени и 9 асистенции.
Кај поразените Селтикси Тејтум уфрли 30 поени, Смарт 26 , а Кемба Вокер постигна 19.