(ВИДЕО) Мадрид блокиран во снежното невреме, најголемо по половина век

Снегот носен од студениот ветер продолжи да ја затрупува во саботата шпанската престолнина Мадрид, поради што тамошниот аеродром ќе остане затворен во текот на целиот ден, а поради виулицата која погоди голем дел од Шпанија сообраќајот е отежнат или прекинат на околу 480 патни првци ширум земјата.

Мадрид и неговиот околен регион со 6,6 милиони жители, во петокот ноќта беше погоден од силна снежна виулица последен пат забележана во 1971 година. Улиците на шпанскиот главен град се затрупани со снег и автомобилите во најголемиот дел од градот не возат, бидејќи нема доволно возила за расчистување на снегот. Стотици возила, вклучително и градските автобуси, останаа затрупани во снегот. Возовите не возат во Мадрид, ниту надвор од градот.

Поради слабата видливост откажани се сите операции на аеродромот „Адолфо Суарез Мадрид-Барахас“ во текот на целиот ден, соопшто операторот со аеродромот AENA. Неколку заначајни споретски натпреари се одложени во Мадрид, бидејќи поради невременот домашни и странски натпреварувачи не можеа да допатуваат. А снегот продолжи да врне целата измината ноќ.

Затворени се и мадридските паркови, поради опасност од паѓање на дрвјата под тежината на снегот. Многимина мадриѓани се најдоа затекнати со количеството наврнат снег, и немаат лопати за расчистување на улиците, а исто така ниту соодветна облека за престој на отворено. Зимите во Мадрид се обнично суви без врнежи. Снег во шпанската престолнина последен пат паднал пред десет години.

Јавниот сообраќај е целосно запрен. Војската помага во извлекувањето на возилата заробени во снегот. Во текот на изминатата ноќ во Мадрид се извлечени илјада заглавени возила, соопшто службата за итни интервенции. Покрај тоа, стотици лица се ангажирани за расчистување на приодите до болниците.

Државната метеоролошка служба во петокот го активираше максималното ниво на тревога, проценувајќи дека може да наврне повеќе од 20 сантиметри снег.