(ВИДЕО) Мајка на шест деца е казнета со 750 евра – возела со 90 км/час, но и со синот на покрив

Видео од автомобил кое вози со брзина од околу 90 км/ч, но и дете на покривот, ги разбранува социјалните мрежи.

Настанот заврши со парична казна и одземање на возачката дозвола за три месеци на несериозната мајка. Инцидентот се случи во австралискиот град Перт, а за среќа, 20-минутното застрашувачко патување по улиците на градот не заврши трагично, бидејќи 4-годишното момче цврсто се држеше за шипките за дополнителен багаж, додека возачите, свирејќи, но и со трепкање на светлата успеаја да ја натераат мајката да запре.

Судот ѝ издаде казна од 1.200 австралиски долари (750 евра) на Ерика Шадфорт и ѝ  забрани да управува со возило во наредните 3 месеци. Таа објасни дека била расеана и не забележала како нејзиниот син се искачил на покривот на џипот.

Според нејзиниот адвокат таа претрпела огромен стрес, бидејќи се грижи за нејзините шест мали деца, на возраст од 5 месеци до 9 години.

Судијата го опиша инцидентот како „застрашувачки”.