ВИДЕО| Македонскиот народ е практично „затворен во конзерва“

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и Миле Лефков, објавија видео како со автомобил се обидуваат да ја да ја преминат македонско-бугарската границата, на граничниот премин „Делчево“, со пасоши на коишто пишува „Република Македонија“ наместо „Република Северна Македонија“.

Сепак, нивниот обид се покажа како неуспешен, бидејќи граничарите им соопштија дека пасошите им се неважечки.

Но, потоа пратеници приложија дипломатски пасоши, исто така  со старото уставно име на државата, а граничарите им ја кренаа рампата, соопштија дека досега не добиле инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“.

Пратениците заклучија дека македонскиот народ е практично „затворен во конзерва“ и ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи.

Во продолжение, погледнете го видеото: