Пол Макартни се врати во неделата на врвот од топ-листата во САД, откако неговиот авторски албум стана број еден на американската листа Billboard 200 првпат по 36 години.
Албумот под наслов „Egypt Station“ носи 16 нумери во кој британската легенда експерементира со свеж рок звук во комбинација со класичниот звук на легендарните The Beatles.
Маккартни, кој и во 76-та година има многу густ распоред на турнеите, не се штедеше на промоцијата на албумот, гостувајќи во доцните телевизиски програми во САД и во живо емитирајќи го концертот од железничката станица „Гранд сентрал“ во Њујорк.
Албумот во неговата родна Британија дебитираше на третото место на листата на којашто втора седмица по ред доминира американскиот рапер Еминем со албумот „Kamikaze“.
Отако е објавен на 7-ми септември, албумот „Egypt Station“ во САД е продадена во 153.000 примероци, објави компанијата за истражување на музичкиот пазар „Nielsen Music“.
Маккартни, кој како соло изведувач на врв на топ-листите дебитираше во 1982 година со албумот „Tug of War“, е вториот музичар со најголема временска разлика меѓу два албума на врвот на некоја светка топ-листа. Рекордот го држи Џони Кеш со седум месеци подолга разлика од Маккартни, откако албумот на оваа кантри легенда постхумно ја освои листта во 2006 година.
Од „Tug of War“, Маккартни со антолигиите на The Beatles четири пати била врвот на американските топ-листи.