Францискиот претседател Емануел Макрон во средата рече дека е „непростливо“ тоа што полицијата при рутинска сообраќајна контрола во париското предградие Нантер смртно застрела 17-годишно момче, јавно критикувајќи ги силите за одржување на редот и мирот само неколку часа откако инцидентот поредизвика жестоки улични безредија.
Против полицаецот се води истрага поради убиство, будејќи пукал во момчето. Според обвинителството момчето не ја послушало неговата наредба да го запре аввтомобилот ноќта во вторникот.
Министерството за внатрешни работи апелираше на смирување на ситуацијата, откако во ноќните безредија кои избуваа по убиството уапсено е 31 лице. Уличните немири избувнаа главно во париското предградие Нантер каде што живеела жртвата. Таму, главно млади демонстранти, палеа автомобили и фрлаа пиротехнички средства кон припадниците на итните служби и полицијата, која одговори со солзавец.
„Имаме убиен адолесцент, тоа е необјасниво и неопростливо. Ништо не ја оправдува смртта на младиот човек“, изјави францискиот претседател Макрон за новинарите во Марсеј апелирајќи до правосудството да си ја работи својата задача.
Изјавата на Макрон е невообичаена, имајќи предвид дека во Франција политичарите често се воздржани кога станува збор за критики кон полицијата, имајќи ја предвид загриженоста на гласачите во врска со безбедноста по неколкуте големи терористички напади изминатите години.
Макрон од претходно се соочува со критиките од политичките противници кои го обвинуваат дека е благ кон дилерите на наркотици и ситени криумчари, како и дека не спроведува политика насочена кон сузбивањето на урбаниот криминал, овозможувајќи ѝ поголеми овластувања на полицијата кога станува збор за изрекување казни.
Безредијата ги предизвика смртта на 17-годишникот ноќта во вторникот во текот на рутинска сообраќајна контрола. Снимката од инциденеот од мобилен телефон на очевидец чијашто автентичност ја потврди каналот France Info, покажува полицаец кој вперува пиштол во вратата на запрен автомобил на млад возач. Кога момчето на воланот ненадејно тргува, полицаецот отвора оган од непосредна близина и смртно го ранува.
Каналот France Info јави дека полицаецот набрзо бил притворен поради сомневање дека сторил убиство од небрежнсота. Министерот за внатрешни работи Жералд Дерманен изјави дека полицијата отворила внатрешна истрага за инцидентот.
По ноќните улични безредија, министерството за внатрешни работи соопшти дека во регионот на главниот град Париз се мобилизирани 2.000 полицајци. Улиците во Нантер во средата до рано попладнето беа мирни, а жителите се надеваат дека насилството нема да се повтори и оваа ноќ.
Ова полициско убиство повторно предизвика гнев ширум Франција и обвинувања за претерана употреба на сила и полициска бруталност.
Вчерашното убиство, кое се случува во периодот на блокади на сообраќајниците, е второто пукање коешто завршува со смртен исход во Франција во 2023 година, во однос на рекордните 13 минатата година, според авиденцијата на агенцијата Reuters втемелен на полициските и извештаите на обвинителството и документите на адвокатите.
Групите за заштита на човековите права критикуваат за системски расизам во рамките на француските служби за спроведување на законот, што Макрон во низа негови поранешни изјави го негираше.