Францискиот претседател Емануел Макрон е уверен дека австралискиот премиер Скот Морисон го измамил во врска со новото безбедносно партнерство AUKUS поради што Австралија го раскина договорот од неколку десетина милијарди евра за набавка на подморници од Франција, пренесе во неделата вечерта телвизискиот канал BFM TV.
Во четвртокот Макрон и Морисон го имаа првиот телефонски разговор од почетокот на кризата во односите меѓу двете земји. Францускиот челник потоа истакна дека Канбера треба да предложи конкретни активности за редифинирање на односите со Париз. Одлуката за раскинување на договорот за француските подморници ја поткопа значителни довербата меѓу двете земји, посочи Макрон.
„Не мислам, го знам тоа“, рече Макрон одговарајќи на прашањето на австралискиот новинар Бивен Шилдс од весникот Sydney Morning Herald на маргините од самитот на Г20 во Рим дали австралискиот премиер го прелажал.
Притоа Макрон истакна дека „многу ја почитува“ Австралија и нејзиниот народ.
„Да видиме што тој (Морисон) ќе стори… Само сакам да кажам: кога почитуваш некого, мора да бидеш искрен и да се однесуваш во согласност со тие вредности“, истакна Макрон одговарајќи на дополнителното прашање дали сега има доверба во австралискиот премиер.
Истовремено, Морисон изјави дека не лажел и оти наводно уште во јуни на Макрон му кажал дека подморниците од француската корпорација „Naval Group“ нема да ги задоволат потребите на неговата земја.
„Јасно дадов до знаење дека конвенционалните подморници нема да можат да ги задоволат нашите стратешки интереси и ќе мора да донесеме одлука врз основа на нашите национални интереси“, вели Морисон во изјавата за Sydney Morning Herald.
Кон средината на септември, сосема неочекувано и без никакви најави, беше објавено дека Австралија заедно со Велика Британија и САД склучиле воен сојуз AUKUS, а Канбера објави дека се повлекува од договорот за набавка на подморници проценет на најмалку 56 милијарди евра со француската наменска индустрија „ Naval Group“. Договорот предвидуваше испораки на 12 јуришни подморници од класата „Barracuda“ на конвенционален погон , одлучувајќи се за договор со САД и Велика Британија, нарачувајќи подморници со нуклеарен погон.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан одлуката на Австралија да го прекрши договорот ја нарече „нож во грб“. Во заднината на договорот за подморниците, Париз итно ги повлече на консултации своите амбасадори во САД и Австралија, но не му даде слична инструкција и на абасадорот во Велика Британија. Како што истакна Ле Дриан тогаш, во Париз се решиле да не преземаат таков потег „знаејќи ја политиката на постојан опортунизам“ во Лондон.
I ask French President Emmanuel Macron whether Scott Morrison lied to him: “I don’t think, I know.” pic.twitter.com/3tcg4xrl90
— Bevan Shields (@BevanShields) October 31, 2021