(ВИДЕО) Манчестер јунајтед го преслуша Дерби, блесна Игало, Ромеро спречи еврогол на Руни

Манчестер Јунајтед ќе игра против Норвич во четвртфиналето на ФА Купот, откако вечерва се избори за оваа рунда во традициоланото натпреварување во Англија по уверливото издание на гостувањето на „Прајд Парк“.

Дерби Каунти едноставно не можеше да се носи и да му парира на премиерлигашот, иако на моменти имаше добри ситуации и можеше да постигне барем почесен гол. Резултатот го отвори Лук Шо во 33-та минута, а до крајот на полувремето токму левиот бек му асистираше на Одион Игало кој имаше блесок. Нигериецот зголеми на 0:2 пред крајот на првиот дел, а постигна гол и за 0:3 во второто полувреме.

Со оглед на желбата која ја покажа, домаќинот Дерби заслужи да постигне барем почесен погодок, но тоа не го дозволи расположениот Ромеро кој во самата завршница спречи да видиме еврогол на Вејн Руни од слободен удар.

https://hofoot.toclipit.com/embed00/Sm5w5YcovpmcC