
Испробајте ја најдобрата маска за лице што можете да ја подготвите сами, која што поради фантастичните резултати успеа да го освои Холивуд.
Голем број дами се соочуваат со затнати и мрсни пори што ги собираат сите нечистотии на кожата, што прави голем естетски недостаток.
Иако акните се упорни и постојано се враќаат еве еден рецепт за фантастична маска што длабински продира во кожата и ја отстранува нечистотијата дури и на најнезгодните делови, како што се носот, челото и брадата.
Оваа маска е целосно природна, едноставна за подготовка и за употреба. Исто така, таа може да се користи и против бубулици, затоа што нејзината главна состојка (активниот јаглен) ги отстранува сите маснотии што со текот на времето се таложат на лицето.
Маската е најдобро да се користи еднаш неделно и мошне брзо ќе забележите одлични резултати.
Состојки:
- ½ лажичка активен (медицински) јаглен;
- 1 лажичка зелена глина;
- 1 и половина лажичка вода.
Промешајте ги сите состојки добро и нанесете ги на кожата. Кога маската ќе се исуши измиете го лицето со топла вода. Деталното упатство проследете го во приложеното видео.