(ВИДЕО) Маскирани како полицајци украле 700 килограми злато од аеродром

Група разбојници , облечени во полициски униформи украле 700 килограми злато вредно 32,2 милиони долари од аеродромот во бразилскиот град Сао Паоло.

Осуммина маскирани крадци вчера влегле во товарниот терминал со два полициски камиони, според извештајот на полицијата. Вооружените разбојници ги принудиле вработените на аеродромот да ги полнат камионите со злато со помош на вилушкар.

Немало пукање за време на акцијата која траела околу две и пол минути, што може да се види на снимките од безбедносните камери.

Пред ограбувањето, крадците киднапираа осум членови од персоналот на аеродромската логистика за да добијат информации за испорака на злато, пишува весникот О Глобо. Златото требало да биде префрлено од Цирих во Њујорк преку Бразил. Тежината на златните плочки се движи од 720 до 750 килограми.

Два „полициски автомобила“ биле пронајдени подоцна во складот ​​неколку километри од аеродромот. Членовите на екипата за логистика подоцна биле ослободени без никакви повреди.

https://www.youtube.com/watch?v=IVP-R0lQexU