(ВИДЕО) Масовна тепачка во авион поради маски

Масовна тепачка се случила во авион на летот од Њу Џерси до Порторико затоа што некои патници не носеле маски.

Инцидентот се случил откако авионот слетал во Сан Хуан, Порторико, кога полицијата се обидела да интервенира, како што објавиле медиумите, поради жена која „се однесувала агресивно“.

Жената која била идентификувана како Нјаси Вероника Пејн, како што известила полицијата, викала кон еден од патниците и се обидела да го нападне, а конфликтот и тепачката што започнале, биле снимени од другите патници, пренесува „Њујорк Пост“.

https://www.youtube.com/watch?v=08lgeyrWiZc&feature=emb_logo

Според сведочењето на патниците, сè започнало кога еден човек се шетал во авионот без маска за време на летот. Стјуардесите го предупредиле да не менува места и да стави маска. Три жени кои патувале со него се однесувале слично и исто така биле предупредени.

Ситуацијата кулминираше по слетувањето, кога тројца мажи почнале да им викаат на тие жени и да ги навредуваат на расна основа.

Потоа започнал физичкиот конфликт, а Пејн не запрела дури и кога се обиделе да ја смират. Таа била уапсена и одредена ѝ била кауција за излез од притвор, во висина од 150.000 американски долари.