Маж за кој се верува дека е вооружен со експлозив држи во заложништво во саботата девет возрасни лица и две деца во поштенска канцеларија во украинскиот град Харков, објави полицијата.
Неидентификуваниот маж не изнел никакви барања и мирно се однесува, а апо полицијата комуницира преку телефон, објави началникот на регионалната полиција Олег Бех.
Снимките кои ги емитуваа локалните телевизии покажуваат полициски службеници и нивни возила распоредени пред двокатница во градот Хатков, на североистокот од Украина. Областа околу поштата е блокирана.
„Правиме сѐ за да ја одржиме комуникацијата со него и сѐ што е неопходно да осигуриме луѓето да бидат ослободени“, додал Бех.
Мажот кој земал заложници изразил загриженост околу неодамнешната масовна размена на заробениците меѓу властите во Киев и рускојазичните бунтовнции и смета дека треба да бидат разменети уште заточеници, рекол Бех и додал дека полицијата сѐ уште не знае што точно тој бара.
Според Бех, исто така, сѐ уште со сигурност не е познато дали мажот има кај него експлозивна направа, како и дали е под дејство на алкохол или наркотици.
Киев и властите на самопрогласените рускојазични републики разменија стотици заробеници во средата во најголемата размена на пленици од избувнувањето на судирот во источен Донбас во кој загинаа повеќе од десет илјади луѓе.
#СРОЧНО неизвестный захватил заложников в одном из почтовых отделений #Харьков’а. pic.twitter.com/R3wQ0OnYid
— Днепропетровск (@dneprotwit) December 30, 2017